Донарума и неговата партнерка соблечени, врзани и ограбени

Голманот на Пари Сен Жермен и на Италија, Џанлуиџи Донарума и неговата партнерка, Алисија Елефанте доживеале ужасен шок во нивниот дом. Бил жртви на грабеж. „Неколку луѓе“ како што јавуваат француските медиуми влегле во нивниот дом, наводно ги соблекле и ги врзале.

Откако крадците заминале, Донарума и сопругата успеале некако да се ослободат и да стигнат до најблискиот хотел од каде што повикале полиција.

Двајцата веднаш биле хоспитализирани. Според првичните информации, штетата направена во грабежот е околу половина милион евра.
Неизвесно е дали Донарума ќе биде дел до тимот на ПСЖ денеска против Ле Авр во првиот натпревар од подготовките.

Поврзани објави
Total
0
Share