Дo ДИК стигнале 1.300 електронски пријави за гласање од дијаспората

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пристигнале 1 .300 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни (8 мај) и претседателски избори (24 април).

Според податоците од веб страната на ДИК, од вкупниот број на пријавени досега се прифатени 917 барања, одбиени се 138 пријави, а во процес на обработка се 245.

Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 18 март.

Исто така во тек е и увидот во Избирачкиот список, што граѓаните можат да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и лекетронски преку веб страната на Комисијата. До 19 март, пак, до ДИК треба да бидат поднесени кандидатските листи на претседателските кандидати. Потписи да се кандидираат собраа седуммина кандидати.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share