Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев поднесе оставка која управниот одбор на оваа агенција ја усвоил на седницата последниот ден од мај.Тунтев навел дека оставката ја поднесува од лични причини. Тунтев кој е и поранешен пратеник на СДСМ, по констатираната оставка се враќа на работното место во компанијата ТАВ која стопанисува со аеродромите во Македонија.Тунтев беше претседател на Агенцијата за цивилно воздухопловство последните пет и пол години и во мометот ја извршуваше функцијата во втор мандат. За време на неговото директорување, Тунтев беше избран и за потпретседател на Советот на Еуроконтрол и за член на Координативниот Комитет на ЕКАК, со што стана прв македонски претставник во две најважни меѓународни воздухопловни организации во Европа.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24