Ние ќе водиме позитивна кампања, ќе работиме на обединување на македонскиот народ и македонските граѓани во целост. Нашата цел не е да ги делиме граѓаните по политичка, верска или било која друга основа, нашата цел е да ги обединиме, порача вечерва од Штип, кандидатот за претседател на ЗНАМ Максим Димитриевски, кој кампањата ја води под мото „Максимум за Македонија“. Тој во своето обраќање, по повод отварањето и на првиот изборен штаб на ЗНАМ во Штип истакна дека во оваа држава има околу 1,5 милиони граѓани, но како што рече премалку сме и доволно е граѓаните да се делат.На Македонија и е потребно обединување, на Македонија и е потребен претседател којшто ќе биде обединител и на Македонците и на сите етнички заедници во државата. Во оваа прилика сакам до честитам и денешниот голем празник Курбан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповест, рече Димитриевски.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24