Димитриевски: Денешниот ден да биде празник на демократијата

Кандидатот за претседател од Движењето ЗНАМ– За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска гласаше и на граѓаните им посака успешни избори и да победи демократијата во Македонија.

,,Народот да се одважи, да излезе, што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја почитувам народната волја, на сите граѓани на Македонија. Нека денешниот ден биде празник на демократијата во Македонија и на Балканот, изјави Димитриевски.Според него, гласањето се одвива непречено со одредени технички проблеми на некои поединечни гласачки места.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share