Излезеноста до 17 часот е 44,18 отсто или за девет отсто поголема од истиот термин во првиот круг на претседателските избори во 2019 година, соопшти Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК), на прес-конференција попладнево. Податоците, како што информира, се однесуваат на пристигнати податоци од 1.788 избирачки места со запишани 899.977 гласачи од кои правото на глас го искористиле 379.612 лица.Најголема излезност, додаде првиот човек на ДИК, е забележана во Новаци – 67,19 отсто, а најмала во Пласница 15,5%.
До овој момент во ДИК се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, 75 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат нивното право на глас, 27 приговори се отфрлени како неуредни, а 38 приговори се одбиени. Останатите се обработуваат. “, изјави Даштевски.