ДИК: До 17 часот излезеноста за претседателските избори е 42,32%,на парламентарните 46,93%

Најголема излезност на парламентарните избори има во Кривогаштани 79,73%, најмала во Маврово Ростуше е најмала со 22,32% , објави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.Споредено со претседателските избори во 2019 година, како што додаде Даштевски, излезноста до 17 часот е поголема за 7,19 отсто, а во споредба со првиот круг на претседателски избори 2024 за 0,01 отсто.

Процентот на излезност до 17 часот, како што соопшти првиот човек на ДИК, е од пристигнати податоци од 2.040 избирачки места со вкупно запишани 1.069.029 гласачи. Според Даштевски, до 17 часот гласале 452.412 гласачи или 42,32 отсто.Најголема излезност до 17 часот е забележана во Општина Новаци – 66,47 отсто, а најмала во Општина Липково – 6,48 отсто.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share