Во потрагата по телото на Данка Илиќ, на потегот од селото Злот до местото Шумраковац се приклучија 50 припадници на полицијата, а акцијата за пребарување на терен ја води началникот на полициската управа Бор, Зоран Милијиќ.Од моментот кога била пријавена за исчезната на 26 март, во потрагата по исчезнатото девојче учествувале неколку стотици припадници на српското МВР, кои интензивно работеле на детално пребарување на поширокото и потесното подрачје во овој дел на округот Бор.Како што јавија репортерите на Телеграф од местото на настанот, денеска полицијата опсежно го пребарува патот од Злот кон Шумраковац каде што тече Злоцка река, во потрага по телото на малата Данка Илиќ (2). На половина пат до Шумраковац, противпожарната бригада ја запре екипата на српскиот весник и не дозволи понатамошен премин. Патот е блокиран во тој правец.
Поврзани објави
Стејт департментот бара Србија да ги изведе сторителите од Бањска пред лицето на правдата
На годишнината од вооружениот напад на косовската полиција во Бањска, американскиот Стејт департмент ја повика Србија да ги…
25.09.24 17:25
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13