Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес-конференција најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски. Тој рече дека пред извесен период бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа.– Просто не можев да поверувам, дури мислев и дека е провокација. Многу ми е жал, три недели ја испитав ситуацијата. За жал, констатацијата е вистината. Длабоко сум уверен дека луѓето кои ги користат ваквите испади и навреди не го мислат тоа. Навреди на национална основа. Не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Ќе преземам сериозни мерки, директорот медицински денеска ќе го разрешам од позицијата, иако сме влезени во изборите, изјави Демири.Министерот за здравство во врска со работењето на организацискиот директор на Токсикологија, рече дека кај економската директорка нема констатирано ниту едно прекршување на право.Тој нагласи дека е министер за здравство и сите несогласувања „треба да дојдат тука, а не да се искористат за дневни политички цели“.Демири посочи дека денеска потпишал решение со кое бара длабоко истражување од надлежните институции во врска со вработувањата во јавното здравство.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24