Деца во Франција претепале ученичка пред училиште, таа е во кома: „Се облекувала несоодветно за исламот“

Француските власти покренаа итна истрага откако тројца тинејџери претепаа 14-годишно девојче пред нејзиното училиште, по што таа падна во кома. Полицијата привела тројца малолетници за убиство во обид, меѓу кои и девојче од истото училиште со жртвата.

Обвинителите подоцна изјавија дека 14-годишната Самара се разбудила од кома, но дека била сериозно повредена во нападот, кој се случил пред колеџот Артур Рембо во областа Ла Мосон-Ла Пајлад во вторникот попладне.Оттаму додаваат дека едно од обвинетите, 14-годишно девојче од истото училиште, признало дека ја претепало жртвата. Другите двајца уапсени малолетници се на возраст од 14 и 15 години. Мајката на жртвата ,Хасиба рекла дека ученичката од училиштето две и пол години ја малтретирала нејзината ќерка затоа што се облекувала и се однесувала премногу слободно за исламот.

Навистина не разбирам зошто тоа дете постојано ја напаѓа Самара, но има причина. Мислам дека тоа е затоа што Самара е малку послободна од некои ученици“, рекла мајката, а пренесува „Гардијан“.

Хасиба смета дека оваа ученичка е главниот виновник за нападот. Таа додаде дека минатата година објавила фотографија од нејзината ќерка на социјалните мрежи и повикала да ја силуваат, поради што во јуни 2023 година била суспендирана на два дена од училиште.

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази солидарност со нападнатата девојка, но повика на претпазливост при донесувањето заклучоци за околностите на нападот. „Би бил внимателен во оваа фаза од истрагата. Сакам на мир да се утврди целосната вистина и тогаш да се извлечат заклучоци“, рече тој.

Поврзани објави
Total
0
Share