Во Урошевац, соседно Косово денеска се уапсени четворица државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница. Телма објави дека станува збор за следниве лица Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи кои се сега во притвор.Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница.Според полицијата, првите три лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.Полициски единици вчера околу полноќ запреле „ауди“ со македонски регистарски ознаки во Урошевац, при што при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и одредена количина муниција.Тројца од четворицата приведени поседувале лажни документи за идентификација, соопшти полицијата.-По сослушувањето на регионалните истражители, државниот обвинител одлучил на осомничените да им одреди притвор до 48 часа за други истражни дејствија и други постапки за екстрадиција на лице кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24