Честитка за Курбан Бајрам од ИВЗ: Да бидеме искрени и посветени за подобра иднина

Почитувани верници,

Браќа и сестри!

Се наоѓаме во пресрет на големиот празник Курбан Бајрам, празник кој вклучува три важни настани кои го одведоа светот и човештвото на вистинскиот пат: Во овие денови заврши објавувањето на Чесниот Куран, со кој еднаш засекогаш беа дадени божествените концепти за Алах, човекот и општеството; во овие денови се извршува петтиот услов – хаџ во благородната Мека, во Каба, Арафат, Мина, Муздалифа и многу други обврски; верниците на исламот ширум светот ја извршуваат обврската за колење курбан инспирирајќи се од Ибрахим а.с. и Мухаммед а.с.

Сите овие божествени заповеди од Големиот Алах му даваат висока вредност на големиот празник Курбан Бајрам.

Оваа голема прослава на Курбан Бајрам му зборува на современиот човек дека, покрај развојот во различни сфери, треба да им се врати на душата, моралот, здравото семејство, благородното општество кое ќе придонесе за зближување меѓу народите, за помагање меѓу луѓето, за запирање на убиствата, војните, масакрите, геноцидите и избегнување на опасните аномалии во општеството кои го уништуваат човечкиот морал.

Токму поради оваа причина, празникот Курбан Бајрам со сите негови вредности и морални елементи го покажува концептот на воздигнување на општествата учејќи нè дека нема големи дела без големи жртви и дека Алаховата помош интервенира само тогаш кога со најголема посветеност ја даваме од себе: искреноста, посветеноста, знаењето за подобра иднина.

ПОЧИТУВАНИ ВЕРНИЦИ,

На крајот, имам особена чест, во име на ИВЗ и РСМ, на сите верници во земјата и во странство, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам, молејќи се на Семоќниот Алах да го прифати нашата молитва, нашата садака, нашата жртва, а особено му се молиме на Алах да го прифати Аџилокот на сите аџии од наша земја кои се молат моментално на светите места.

Честитки и нека е благословен празникот Курбан Бајрам.

Мир, милост и благослов на Големиот Алах нека биде врз вас!

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share