Чадиковски за КЛАН ТВ:Политичарите во кампањата да ги остават новинарите да си ја извршуваат професионално работата

10 милиони евра државни пари ќе потрошат партиите за да ги пласираат своите политички пораки , соопшти Чадиковски во вечерашната емисија КЛАН дебата.

,, Мислам дека во таква ситуација треба да си стават прст на чело и да се преиспитаат какви пораки ќе упатуваат. сега ќе гледаме цел ден пораки . Не можеш да ставиш список на желби а да не кажеш од каде тоа ќе се обезбеди и колкав ќе биде буџетот,”рече претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Говорејќи за  заштитата и безбедноста на новинарите, Чадиковски укажа дека власта направила  крупни промени   на два клучни закони со цел да се подобри состојбата на медиумските работници,а тоа се измените во Кривичниот закон со кои нападот врз новинар се смета како напад на службено лице и намалување на  казните за десет пати за клевета и навреда.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share