Цариниците на „Богородица“ му заплениле 27 илјади евра на српски државјанин

Царинската управа соопшти дека спречиле обид за нелегално внесување девизи во земјата на граничниот премин „Богородица“ и дека се запленети 27 илјади евра. Девизите во земјата се обидел да ги внесе српски државјанин, кој границата ја преминал со автомобил.

„На 18.07.2023 година околу 20:00 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управуваноод српски државјанин. При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло“, соопшти Церинската управа.

    Од Царината велат дека согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а останатите 27 илјади евра привремено се задржани.

    „Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка“, соопшти Царинската управа.

    Поврзани објави

    Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

    Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
    Повеќе
    Total
    0
    Share