Бугарското МНР реагира на изјавите на претседателот Стево Пендаровски – македонската амбасадорка повикана на разговор

Бугарското министерство за надворешни работи го повика ја повика на разговор македонската амбасадорка во Софија со цел да и изразат незадоволство поради, како што велат, лажните изјави дадени за соседната земја од страна на македонски политичари.

Во реакцијата објавена на сајтот на бугарското МНР се наведува дека категорично се противат на обидот Бугарија и билатералните односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања

“Бугарија постојано поддржува конструктивен тон и се воздржува од коментари на постојаните провокации во јавниот простор во Република Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес и средина на општествено спокојство за да може да се реализираат неопходните реформи. За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не наидуваат на разбирање и не се ценат од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како оправдување за недостигот од напредок пред своите граѓани”, се вели во соопштението.

Ги повикуваат македонските политичари да покажат зрелост и да дадат конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во 2022 година и строго да го почитуваат Договорот за добрососедство од 2017 година.

Реакцијата следува по изјавите дадени пред неколку дена од страна на претседателот Стево Пендаровски кој укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ шират лаги, изјави дека ако успеат да ги натераат Бугарите да го променат нивниот Устав и ако успеат Македонците кои се таму во огромен број да бидат признаени како национално малцинство, тој ќе биде првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ.

Шефот на државата во изјава укажа и на ситуацијата дека договорот со Бугарија не беше спорен цели три години, а стана проблематичен кога Софија под својата стара комунистичка националистичка гарда почна да измислува причини за блокада, кои во самиот договор ги нема.mk.klanmacedonia.mk

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share