Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денес при својата посета на СВР Струмица одговари на новинарско прашање за актуелната фотографија која деновиве излезе на социјалните мрежи на која се гледа командир на противпожарна единица во Велес како буричка по лични документи во простории на СВР Велес. „Да, во текот на вчерашниот ден излезе фотографија на која се споменува дека командирот на противпожарната единица на Велес. Инаку знаете дека по барање на министерот дел од управните служби пред две недели чинам, се пренесени токму во противпожарната служба. Тамо е известена внатрешна контрола, СВР Велес, Јавен обвинител и веќе заеднички работат на испитување на случајот и докажување на автентичноста на фотографијата и на ликовите коишто се споменуваат на неа. Се надевам дека во наредните денови ќе имаме конкретен извештај кој ќе го споделиме со јавноста. Не би сакал да верувам дека некој се дрзнува од друга институција да влезе во МВР и да ги пребарува личните документи на граѓаните кои треба да се строго заштитени. Доколку тоа се утврди се надевам дека ќе има најстроги казни за инволвираните.“, дециден беше Бојмацалиев
Поврзани објави
Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево
Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
30.10.24 15:11
„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
CPhI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности…
11.10.24 10:29
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка – темелот на домашната економија
Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД – Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала…
03.10.24 15:26