Бојмацалиев за КЛАН ТВ : Немам сознанија за потребата од  засилено полицско обезбедување за време  на изборите во Тетово и Гостивар

Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската емисија  на КЛАН ТВ соопшти дека во моментов нема  сознанија за наводите на министерот за внатрешни работи Тошковски дека е потребно засилено полициско обезбедување за време на изборите во Тетово и Гостивар. Тоа, според него не е во надлежност на министерот туку на директорот на Бирото за јавна безбедност.

,, Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски има златна команда и тој одлучува за ова доколку се појават одредени индиции. До овој момент  Тасевски нема дадено никаква команда за засилено полициско обезбедување за време на изборите во Тетово и Гостивар. Ние мора да работиме исклучиво по закон. Мора да ја гарантираме безбедноста на овие избори. Јас започнав со посета на сите полициски станици, разговарам со нив се со цел да органзираме фер и демократски избори. Кога ќе се распишат изборите се води грижа за изборниот процес и во сите штабови имаме подштабови. По добиените информации се прави проценка каде и што ќе преземеме “ рече Бојмацалиев.

Бојмацалиев тврди дека засега соработката и комуникацијата со министерот за внантрешни работи, Панче Тошковски се добри и нема недоразбирања меѓу нив.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share