Бојмацалиев за КЛАН ТВ :Негласањето за уставни измени остави простор за зголемување на  руското  влијание

Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев тврди дека со негласањето на уставните измени и оттргнувањето од патот кон Европската Унија се даде простор за зголемување на руското влијание.Тоа е една од причините кои ме загрижуваат . Со тоа , рече Бојмацалиев  ја рушиме довербата во ЕУ, а тоа е нашиот единствен пат. Според Бојмацалиев добро е што поголемиот дел од граѓаните се поддржувачи на тој пат но посоли и дека имаме и мала група луѓе кои поддржуваат  друг пат кој ни самите не знаат кој е и кој ги финанисира да го прават тоа.

,,Европа е нашиот пат . Од ВМРО ДПМНЕ можеме се да очекуваме, но тука сме да се спротиставиме.МВР е подготвено да се справи со сите надворешни влијанија.Нашата цел е граѓаните да бидат безбедни.

За разлика од Украина голема среќа за нашата земја е што сме членка на НАТО. НАТО е безбедност а ЕУ е иднина и финансиска помош.Руското влијание се пласира  исклучиво преку лажни вести и пропаганда и ние мора да се бориме против тоа. Има професионални медиуми но има и новинари  кои купуваат портал за 10 евра и шират лажни вести и вршат пропаганда”,потенцира Бојмацалиев во утринската емисија на КЛАН ТВ.

Во однос на издавањето на личните докуметни, Бојмацалиев информираше дека за сите граѓани ќе има образци и сите навреме ќе имаат лични карти и пасоши.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share