ЕКСЛУЗИВНО: Бојан Маричиќ, прв вицепремиер на местото на Артан Груби

Телевизијата Клан Македонија дознава дека функцијата прв вицепремиер во техничката влада, која прв ја промовираше Артан Груби од Демократската унија за интеграција, ќе ја наследи вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Артан Груби останува вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во техничката влада.

КЛАН М дознава дека истотака кандидат во Социјалдемократскиот Сојуз за прв вицепремиер бил и Фатмир Битиќи, моментално вицепремиер за економски прашања, но тој не успеал да ја добие довербата и поддршката на своите сопартијци.

Инаку, на 28 јануари ќе биде избран првиот албански премиер Талат Џафери и техничката влада за спроведување на изборите.

Од ВМРО ДПМНЕ најавија и дека поранешниот адвокат на Мицкоски во ЕСМ, Панче Тоошковски ќе биде министер за внатрешни работи, додека Ѓоко Велковски, министер за труд и социјална политика. www.tvklan.mk

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share