Македонската женска У-19 фудбалска репрезентација забележа и трета победа на квалификацискиот турнир од втората рунда на Б лигата и со максимален учинок обезбеди промоција во најквалитетната А лига.Избраничките на селекторот Астрит Мерко денеска го победија Велс со 2:1 и стигнаа до максимални девет бода, откако претходно ја совладаа Литванија, како и домаќинот Молдавија во првото коло.Петкова уште во 2. минута донела предност за Македонија, Френсис израмнила за Велс во 21. минута, а решавачкиот гол е постигнат преку Села во 50. минута од средбата.Со освоеното прво место во групата, македонската репрезентација си обезбеди место во првата квалификациска рунда на А лигата во сезоната 2024/25.
Поврзани објави
ПМФЛ: Гостивар е новиот лидер по триумфот над Шкендија
Се одиграа пет натпревари во рамките од седмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), единствено само Гостивар…
25.09.24 17:24
Историски успех Тони Лазов го освои сребрениот медал на Олимпијадата во шах
Актуелниот државен првак на Македонија во шах и член на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, го постигна најголемиот…
25.09.24 17:15
Неверојатно глупав потег на Енцо: Како ќе се појави пред Французите во Челзи?
Една од главните теми по финалето на Копа Америка, беше Енцо Фернандез поради глупавите работи кои ги направи при прославата на…
17.07.24 08:26