Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за магазинот „Тајм“ објавено во вторникот, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху можеби ја одолговлекува војната во Газа од политички причини.
Запрашан од новинарите дали мисли дека Нетанјаху го отежнува конфликтот од свои политички причини, Бајден рече дека секако е оправдано луѓето да дојдат до тој заклучок.
Бајден, кој се залага за крај на речиси осуммесечната војна, исто така рече дека не е сигурно дека израелските сили извршиле воени злосторства во Газа.
Минатиот месец, обвинителите на Меѓународниот кривичен суд во Хаг побараа налози за апсење на Нетанјаху и неговиот шеф на одбраната, како и тројца водачи на Хамас за наводни воени злосторства.
Израел започна воздушна и копнена офанзива во Газа минатиот октомври, ветувајќи дека ќе ја уништи палестинската исламистичка група Хамас откако го нападна јужниот дел на Израел, убивајќи околу 1 200 луѓе и земајќи 250 заложници, според израелските податоци. Околу 120 заложници се уште се во Газа.
Повеќе од 36 000 луѓе се убиени во нападот на Израел врз Газа, според тамошните здравствени власти кои велат дека уште илјадници тела се закопани под урнатините.