Автомобил прегази мечка на патот Гостивар-Охрид

Автомобил удрил мечка на патниот правец Гостивар-Охрид.Во инцидентот што се случил изутрината, мечка е усмртена, а нема повредени лица.

Според пријавата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, сообраќајната несреќа се случила во 5.37 часот кај вториот каменолом на патот Гостивар – Охрид.– На местото на несреќата, присутни се полициски службеници од полициска станица Гостивар и увидна екипа. Исто така, известени се и Националниот парк Маврово и ТППЕ – Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат, информира Регионалнит центар за управување со кризи – Тетово.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share