Англиските клубови шокирани од страшната вест од Црна Гора

Црногорската јавност рано утрово ја пренесе трагичната вест за ненадејната смрт на Матија Шаркиќ, репрезентативниот голман кој пред само 10 дена брилијараше на пријателскиот натпревар против Белгија.

Младиот 26-годишен чувар на мрежата починал во апартман во Будва од засега непознати причини, но угледните медиуми од Црна Гора информираат дека најверојатно станува збор за срцев застој и природна смрт.

Оваа вест ја зави во црно цела јавност во Црна Гора, меѓутоа голема тага владее и во Англија каде од Шаркиќ се простија сите клубови од кои беше член, вклучувајќи го и Милвол со кој беше под договор.

– Фудбалскиот клуб Милвол е целосно уништен поради смртта на голманот Матија Шаркиќ. Откако пристигна од Вулверхемптон во август 2023-та година, Шаркиќ запиша 33 настапи за „лавовите“…..

– Исто така, во повеќе наврати ја претставуваше својата земја и сите од клубот испраќаме љубов и сочувство до семејството на Матија и неговите пријатели. Клубот нема да дава дополнителни коментари во овој тежок период и апелираме да се почитува приватноста на семејството на Матија, – порачаа од Милвол, клуб кој ја промени насловната фотографија и стави црна позадина во чест на Шаркиќ.

Поврзани објави
Total
0
Share