Јанева и Јакимовски ставени  на „црната листа“ на САД

Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски.

-Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист,истакна Метју Милер, портпаролот на Стејт департментот.

-Јакимовски, како градоначалник на општина беше вмешан во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање и попречување во урбаното планирање и  развој и процесите на набавки во корист на себе и на неговите соработници, истакна Милер на прес конференцијата кога ја објави одлуката.

Одлуката е да им се забрани влез во САД, покрај на назначените и на семејствата на Јакимовски и Јанева.

Јакимовски е и претседателски кандидат кој собра потписи за да учествува на претстојните избори.

-Овие назначувања ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан, стои во соопштението на Стејт Департментот.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share