По шест години, денеска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, излегува на слобода.Јанакиески од ноември 2018 година до денеска издржуваше куќен и ефективен притвор.
Потоа, беше спроведен во затворот „Идризово“ каде издржуваше казна за случајот „Титаник“ на СЈО, а потоа беше пренесен во затворот „Скопје“ каде беше до денеска.Од формирањето на СЈО, Јанакиески го гонеа во неколку судски случаи.
Тој секојдневно со полиција беше носен и враќан од суд. По бегството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, заврши во притвор. За незаконскиот притвор се произнесе и Европскиот суд.Имено, на поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите „27 април“ и „Шпански скали“, пресуди минатата година Европскиот суд за човекови права.Ексминистерот претрпел штета поради притворите и државата треба да му плати отштета од 3.900 евра, пресуди Европскиот суд за човекови права.Јанакиески беше спроведуван на суд по барање на судијата Осман Шабани.Во 2019 година, ексминистерот и осуден, Јанакиески, беше претен во затворот „Скопје“ заедно со Спиро Ристовски, а заврши и во болница.