Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат со големо мнозинство го изгласа пакетот за странска помош од 95 милијарди долари, наменети за Украина, Израел и Тајван. Пакетот се состои од четири закони, што Џо Бајден кажа дека ќе ги потпише уште денеска.Овој пакет беше заглавен во Конгресот шест месеци поради противењето на републиканците, што значително се одрази врз ситуацијата на бојното поле во Украина, која сега ќе добие 61 милијарда долари. Пентагон кажа дека ќе почне да испорачува муниција и оружје во Украина во рок од неколку дена.Покрај ова, пакетот содржи 26,4 милијарди долари за Израел и за хуманитарна помош во Газа и над осум милијарди долари за сојузниците во Индо-Пацификот за „спротивставување на комунистичката Кина“. Четвртиот закон предвидува можна забрана на апликацијата ТикТок, нови санкции за Русија, Иран и Кина и заплена на руските средства замрзнати во западните банки.„Ова е клучно законодавство што ќе ги направи нашата земја и светот побезбедни додека ги поддржуваме нашите пријатели да се бранат од терористи како Хамас и тирани како Владимир Путин“, изјави Бајден.Пакетот, кој во саботата прво беше одобрен во Претставничкиот дом, ќе биде значаен поттик за Украина, која очекува нова голема руска офанзива во следниот период. Двајца американски функционери вчера кажаа дека првата воена помош од милијарда долари е веќе спремна за испраќање во Украина.Покрај САД, и Велика Британија вчера објави дека ќе ја помогне Украина со нов пакет од 580 милиони евра.

Поврзани објави
Total
0
Share