Али Ахмети:Заедно ја започнуваме битката за почитување на духот на Охридскиот договор

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во име на Европскиот фронт ги обвини албанските политички субјекти за кои се очекува да бидат дел од идната влада дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост говорот на лидерот на ДУИ Али Ахмети:

Почитувани медиуми, почитувани граѓани

Ние, лидерите на Европскиот фронт, сметаме дека нашата унија е одраз на духот на Охридскиот договор и претставува обединување за унапредување на еднаквоста меѓу заедниците и социјалната кохезија.

Нашата иницијатива за Европскиот фронт е поздравена и поддржана од граѓаните на земјата. 

Како победничка коалиција на претседателските избори излезе Европскиот фронт со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 31.000 гласови и 6 пратеници.

Европскиот фронт доби 19 пратеници, а опозицијата 13 пратеници. 

Европскиот фронт излезе како победник во 20 општини во кои живеат и гласаат Албанците и другите заедници, додека опозицијата во 8. 

Европскиот фронт стана втора сила во земјата, што се случува за прв пат во историјата на земјата. 

Овие резултати беа нарушени и продолжуваат да се прекршуваат преку изборен инженеринг во очите на целата јавност, домашна, регионална и меѓународна. 

Исто така, Европскиот фронт и албанската опозиција, во месеците декември 2023 и јануари 2024 година, заеднички се договорија и потпишаа декларација за невлегување во владино партнерство без уставни промени и гаранција за европскоиот пат.

И покрај сите аргументи и резултати, дури и со пратеници, дури и со апсолутни бројки на гласови, дури и со победи во две третини од општините, поразените на изборите, без легитимитет на суверениот, потклекнаа целосно игнорирајќи ја волјата на народот, Охридскиот договор, легитимитетот и без никаква почит кон оние кои ги донесоа сите овие квалитативни промени во нашата држава. 

Во овој контекст, граѓаните не прашуваат, кое е значењето на демократијата кај нас ако мнозинската заедница определува кој ги претставува Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите заедници?

Зошто овие заедници треба да се организираат во политички партии и да учествуваат на избори за да го добијат легитимитетот на нивните сонародници ако, без разлика на волјата на нашите заедници, најголемата македонска партија одлучува за нив според нивните преференции и претпочитања? 

Овој начин на размислување, оваа вазално дејствување, нè враќа во времето пред повеќе од две децении кога заедниците беа дискриминирани, третирани како граѓани од втор ред и не се почитуваше волјата на демократскиот глас на заедниците, туку други одлучуваа наместо нас. 

Драги пријатели, легитимитетот е столб на стабилноста, безбедноста, благосостојбата, еднаквоста. 

Затоа, ние заедно ја започнуваме битката за почитување на духот на Охридскиот договор, кој се заснова на легитимноста и обичајното право на застапување од страна на оние кои го имаат легитимитетот на заедниците. 

Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува и сите заедно сме еднакви граѓани.

Кога не се почитува духот на Охридскиот договор, се враќаме во други системи и времиња кои колективно сме ги напуштиле. 

Затоа, непочитувањето на легитимитетот е понижување за Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите.

Ова понижување, за жал, го овозможуваат некои кои потпишаа заедничка изјава со нас, кои неколку пати јавно изјавија дека доколку загубат со еден глас и еден пратеник помалку, ќе се повлечат, но од ситни лични амбиции или други непознати причини пред пошироката јавност и со голема омраза кон нас, потклекнаа и овозможуваат воспоставување на етничка хегемонија.

Го започнуваме овој пат за да не дозволиме мајоризација која што го оптоварува соживотот и демократијата и ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во нашите напори да го заштитиме гласот, легитимитетот и духот на Охридскиот договор, но и на Договорите од Преспа и за добро-соседството за европската иднина. 

Вашиот глас не смее да биде небитен и ние сме тука заедно да ја предводиме вашата победа и да ја спроведеме вашата победничка волја. 

Ценевме дека овие прашања се надминати и се развивме како општество со взаемно почитување на волјата на едни со други за доброто на заедничкото општество. 

На, очигледно е задача на нашата генерација, заедно да не дозволиме поништување на достигнувањата и да спречиме повторување на непочитување на политичката волја и легитимитет на суверенитет.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share