На денешната симулирана конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија, произлезена од парламентарните избори на 8-ми мај, говор одржа претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети.
Во продолжение Ви го пренесуваме целосниот говор:
Демократската унија за интеграција направи суштинска анализа и со своите раководни тела и со претставниците на Европскиот фронт.
Нашата земја треба да се стреми кон мир со сите земји од регионот , да се стреми кон промена на Уставот и инкорпорирањето на малите заедници кои живеат во оваа земја како уставна категорија што би имало значајно влијание.
Колку е државата полојална, колку граѓаните се полојални, колку државата е повнимателна, толку граѓаните се подоверливи.
Држава која несамоволно одлучува за малите заедници кои немаат можност да бидат рамноправни.
Како постулат го имавме предвид, затоа едногласно ја поддржуваме измената на Уставот, поддржуваме по пет години актуелниот претседател да покрене иницијатива шефот на државата да биде избран во Собранието, бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело .
Ние сме парламентарна република и мора да се оствари парламентарната демократија, идниот претседател да биде избран со мнозинство парламентарци, со принципот на Бадентер, затоа, господине претседателе, даваме целосна поддршка промените во оваа држава да се придвижат напред.