Јакимовски очекува изненадувања на овие избори а решавачка улога според него во составувањето на новата Влада ќе имаат помалите политички партии. ,,СДСМ и ВМРО ДПМНЕ треба да размислуваат на кого ќе ги дадат гласовите во вториот изборен круг а не јас “, рече Јакимовски.
Јакимовски вели дека е точно дека има албанофобија која ескалира во последните три години
Но, Јакимовски смета дека за ова виновни се партиите од албанскиот политички блок и дека е неопходно да се разговара како во иднина ќе се партиципира власта.,, Недозволиво е да се тепаш во институции, недозволиво е да се зема мито. Имаме практики кои не биле добри и ги иритираат и македонците и албанците”,рече Јакимовски. Тој очекува поголемо учество на албанците во власта за да водат сметка за зголемување на ефикасноста во работењето на администрацијата.