Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски оствари средби со жителите на Крива Паланка.
,,Во Република Македонија се потребни инвестиции над 50 милијарди евра, инвестиции во инфраструктура, во железница, во сообраќај, во делот на индустријата, преработувачката индустрија, ни требаат инвестиции во делот на енергетиката, Вардарска долина да се направи (11 хидроцентрали на реката Вардар“, да се направи браната Чебрен-Галиште. Во исто време од Вруток па до излегувањето на Вардар од Република Македонија да се направат пречистителни станици, за Вардарска долина да функционира мораме да имаме пречистителни станици. Исто така мораме да направиме комплетни урбанистички планови за сите излетнички места и за Попова Шапка, и за Галичица, Галичица мора да се спои со Охридското Езеро, Пелистер, Кожуф, цела северна Грција може на Кожуф и да зимува и да летува, исто так аи овде на Осоговските планини во близина на Крива Паланка”,порача Јакимовски.