Ахмети и Села во Гостивар потпишаа договор за коалиција

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и Зијадин Села од Алијанса за Албанците вечерва во Гостивар го официјализираа заедничкиот настап на парламентарните избори.

На голема бина, поставена на партерот од салата „Младост“ во Гостивар, Ахмети и Села ги ставија потписите на коалицискиот договор.Потоа следуваше музички дел кој беше заокружен со песната „Ние сме шампиони“ и со која беа најавени обраќањата на лидерите Зијадин Села и на Али Ахмети. Но, пред нив на поддржувачите во преполната спортска сала им се обрати претседателскиот кандидат од ДУИ, Бујар Османи.

На крајот од настанот пред присутните во салата се појавија и лидерите на другите коалициони партнери од „Европскиот фронт“.Одлуката, крилото на Алијанса за Албанците (АА) предводено од Зијадин Села на претстојните избори да се приклучи на „Европскиот фронт“ предводен од Демократската унија за интеграција (ДУИ) беше донесена во четвртокот на седница на Централното собрание на партијата

За Европскиот фронт, предводен од ДУИ досега потпиша Народното движење на Скендер Реџепи, потоа ДПА со Мендух Тачи и ЕДП на Аријанит Хоџа.

Договори се потпишани и со Сојузот на Ромите, Турската демократска партија и Движењето на Турците.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share