Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во 13 часот од седиштето во Мала Речица ќе ги каже идните чекори на Европскиот фронт откако вчера се конституира новиот собраниски состав и во пресрет на објавата на договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ за формирање на новата влада.
На прес-конференцијата Ахмети ќе бидат присутни и партнерите од Европскиот Фронт.
Пратениците од Европскиот фронт не гласаа за верификацијата на мандатите и ја напуштија салата пред изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.
За Европскиот фронт е неприфатливо да бидат опозиција зашто тие се победници на парламентарните избори и според нив, тие имаат легитимитет да ги претставуваат Албанците.