Адеми:На Европскиот фронт сакаат да му се одземат два пратенички мандата

Државната изборна комисија денеска објави дека добила 27 приговори од коалициите кои учествуваа на парламентарните избори.Главната битка се бие во Изборната единица број 5. Таму 109 гласови натежнаа на страната на Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Коалицијата Европски фронт денеска соопшти дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата.

Шефот на изборниот штаб на Европски фронт, Арбер Адеми, на прес-конференција попладнево рече дека „постојат сериозни обиди со политички дил, со политички договор да има изборен инженеринг, да се поткопува демократијата и слободната волја на граѓаните и на легитимитетот“.

-Другите политички партии врз основа на непринципиелен политички дил и договор и газејќи врз волјата на граѓаните, на оркестриран начин поднеле приговори за избирачки места во петтата и во шестата изборна единица, иако не е констатирана ниту една неправилност додека траеше изборниот процес и по неговото завршување. А дека тоа е така се самите потписи на сите членови на избирачките одбори предложени од самите политички партии кои денеска и овие денови поднеле приговори. Целта е јасна – сакаат на Европскиот фронт да му одземат два пратенички мандата иако тие се резултат на чистата волја на граѓаните и на нивното слободно изразување – изјави Адеми.

– Од авион може да се примети која е тенденцијата за изигрување на волјата на народот, На пример во Желино, во избирачкото место 2101 – за Влен гласале 332 гласачи, за Европски фронт 134. Ова избирачко место е селото од каде што доаѓа претседателот на Беса, Билал Касами. Со приговорот самите тие го оспоруваат резултатот каде што тие имаат повеќе гласови. Вториот пример е во ИЕ5 каде се оспоруваат избирачки места каде нема гласови за Европскиот фронт, но каде што убедливо повеќе гласови има ВМРО-ДПМНЕ. На пример, во избирачко место 1295 во Охрид ВМРО има 409 гласови, СДСМ има 103, Европскиот фронт 0. Која е целта? Дали се подготвува трансфер на гласови од една опција во друга опција само Европскиот фронт да има помалку еден мандат во Петтата изборна единица? – рече Адеми.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share