Адеми: Силјановска Давкова го погази Уставот уште при првата реченица

Пратеникот и портоарол од ДУИ, Арбр Адеми денеска на прес конференција изрази жалење по заклетвата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова во која таа не го истакна уставното име на државата.

Според него, го згазила Уставот уште при првата реченица.

Адеми вели дека Силјановска рекла дека е време за единство, а ги спомнала само двајца лидери од македонскиот блок исклучувајќи ги сите други од единството.

Б,,еше говор за 8-ми март без ништо суштинско, ниту се спомна НАТО, ниту членството на Македонија во НАТО и обврските и сите предизвици што ни престојат“, вели Адеми.

Според него, таа не го споменила ни евроинтегративниот процес на државата.

„Ниту збор немаше за негување на добри меѓуетнички односи, ниту еден збор за Охридскиот рамковен договор, ниту еден збор за Преспанскиот договор, ниту еден збор за Договорот за Добрососедство со Бугарија, ниту еден збор за уставните измени. Намерно не ја спомна ни честитката од претседателката на Косово за нејзиниот избор иако не недостасуваа апострофирања на жени лидери кои честитаа за изборот“, вели Адеми.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share