Подолг период Ајакс има проблеми со своите директори, а поради послабите резултати често менува и тренери, за денеска да стане јасно дека холандскиот клуб го суспендирал и Извршниот директор.
Носителот на висока функција, Алекс Кроес, е суспендиран поради обвинението со тргнување на тајни деловни информации, односно нелегално профитирање на берзата.
Надзорниот одбор на Ајакс утврдил дека Кроес купил 17.000 акции на клубот една недела пред да биде назначен на својата актуелна функција, што се смета за тргување со информации до кои имал пристап.
– Постапките на Кроес не одат во насока на она што го застапува Ајакс како клуб. Моментот во кој ги купил акциите наведува на тоа дека тргнувал со инсајдерски информации, а нашата компанија не може да толерира кршење на законите, – рекол Михаел ван Прааг, прв човек на Надзорниот одбор на Ајакс.
Ајакс планира да го отпушти 50-годишниот директор, кој на функцијата е само две недели и засега ги одбива обвинувањата.