Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни, информираше партијата.
Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Александар Бајдевски.
Комисијата констатираше дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.Вака утврдената листа од 4 кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии “, соопшти СДСМ.