158 санкционирани возачи на територијата на општина Гостивар

Во текот на вчерашниот ден (10.03.2024) во периодот од 11.30 до 17.30 часот Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Гостивар, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 158 возачи, од кои 47 за возење без возачка дозвола, 20 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 23 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), седум санкции за возење без лекарско уверение во јавниот превоз… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share