ЦУК: Услугата за заловување на змии не е бесплатна

„Нема специјализирана служба за заловување на змии. Претходно граѓаните се лутеа кога дежурните на бројот 112 немаа никакви информации за тоа кој отстранува змии, а сега, кога дежурните најдоа контакти од лица кои се бават со тоа, повторно се лутат затоа што таквата услува не е бесплатна“, велат од ЦУК и додаваат дека не може пожарникарите да се повикуваат за секаква работа, особено не за ваква специфична и тоа во сезона на пожари.

Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализираните институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните“, велат од ЦУК.

Поврзани објави
Total
0
Share