Спасено мече заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови.

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот парк „Маврово“ и МВР. Ренџерски тим од НП „Маврово“ веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО „Маврово“ заради обезбедување на местото на настанот.

Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките.

Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума.

Поврзани објави
Total
0
Share