Сиљановска Давкова оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи – Садриу.

На средбата беше оценето дека двете држави имаат одличен политички дијалог и беше изразен интерес за натамошно продлабочување на севкупната билатерална соработка и јакнење на добрососедските односи.

Поврзани објави
Total
0
Share