Сиљановска Давкова:Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед.

„Почитуван  реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху,

Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам.

Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир.

Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна.

Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.

Честит Курбан Бајрам“, напиша Сиљановска Давкова во честитката.

Поврзани објави
Total
0
Share