Сензација на ЕП: Словачка ја шокираше Белгија

Словачка ја запиша најголемата победа во својата самостојна историја кога станува збор за Европските првенства триумфирајќи над Белгија со 1-0 во првиот натпревар на континенталниот собир во Германија, нанесувајќи и болен пораз на репрезентацијата која важеше за фаворит во групата „Е“.По двете пропуштени шанси на Белгиците да поведат уште на самиот старт на натпреварот следеше казна од Шранз кој во 7. минута по грешката на Доку ја затресе противничката мрежа за 0-1. Белгија продолжи да доминира во поседот, крираше и шанси, но промашувањата на Лукаку ја задржаа словачката предност на полувремето.

Изгледот на теренот не се промени ниту во второто полувреме, Белгија продолжи да креира шанси, но не успеа да го совлада голманот Дубравка. Еднаш топката беше исфрлена од гол-линијата, а и покрај тоа што два пати беше затресена мрежата на Словакот, головите беа поништени поради недозволени ситуации за сензација и големо славје на Словачка.

Поврзани објави
Total
0
Share