Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото

РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева и прнар.На терен се излезени три противпожарни возила и осум пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во близина на пожарот има штали.Во моментот има уште еден активен пожар на територија на општина Валандово во село Чалаклија. Гори сува трева и пожарникарите се на терен.Поради поголема опасност, акцент се става на првиот пожар.

Поврзани објави
Total
0
Share