Од наредниот месец можно е да плаќаме поскапа струја

Останатото количество универзалниот снабдувач ќе мора да го обезбеди од надвор. Сепак, какви сметка ќе плаќаат граѓаните од 1 јули ќе се знае до крајот на месецов, изјави претседателот на Регулаторната комисија и водни услуги, Марко Бислимоски.

Тој додаде дека државните електрани во време на криза нудеа пониска цена на струјата, а сегашната нивна цена од 60 евра за мегават час е изненадување.

-Оваа цена од 60 евра за мегават час некако можеме да ја разбереме, но мене ме загрижуваат оние 15% кои треба да се набавуваат на слободниот пазар. Тоа има сериозно влијание врз крајната цена. Сега на пазарот и фјучерсите што ги гледаме за третиот и за четвртиот квартал, цената, зависно од денот, се движи од 90 до кај 100 евра за мегават, рече Бислимоски.Во Регулаторна се во тек анализите и за воведувањето на дополнителен, уште еден час евтина дневна тарифа на струјата, која според најавите, би се вовела во текот на зимските месеци, за што ќе треба повторно да се сервираат и броилата на сите домаќинства.

„Ќе видиме дали тоа ќе биде од 1 декември, 1 ноември или 1 јануари в година, зависно што ќе покажат анализи, изјави Бислимовски.

Поврзани објави
Total
0
Share