Мицкоски во вторник ќе го достави списокот за новиот владин кабинет

Мандатарот Христијан Мицкоски очекува во вторник да го достави комплетниот список на министри кои ќе ја сочинуваат Владата до Собранието. Тој не соопшти имиња кои ќе ја сочинуваат новата Влада.

„Јас не би зборувал во името на другите партии, во името на коалиционите партнери. Што се однесува за ВМРО-ДПМНЕ, ние сме структура која има организациска поставеност, вертикална, функционира врз основа на статут и во согласност со законите и Уставот. Во недела ќе има седница на Извршниот и Централнот комитет, ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар, со нивната биографија. Очекувам да се произнесат, а ако тоа е позитивно и успешно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната Влада и програмата, на 18-јуни, во вторник, ќе бидат доставени до Собранието“, кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека нема да има место во новата Влада за ДУИ, Левица и СДСМ.

„Гласаа пратеници на ДУИ, точно, но од Коалицијата Европски фронт гласаа и од Турската партија, од Демократската партија на Албанците. Очекувавме да гласаат и пратениците од коалицијата на СДСМ и од Левица. Бидејќи тоа што не го кажува СДСМ, а треба да се знае, е дека јас лично остварував со нив контакти цело време. И вратата за сите пратеници да го поддржат овој закон, беше отворена. Тоа што дел од идните опозиционери гласаа и препознаа квалитет, нив треба да ги прашате.. Што се однесува до составот на идната Влада, таа ќе биде составена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ВЛЕН, и политичката партија ЗНАМ“, рече Мицкоски.

Поврзани објави
Total
0
Share