Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

Собранието во рамките на третата седница без расправа и едногласно ги избра пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ за потпретседатели на Собранието, кои денеска беа утврдени на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

За Милошоски гласаа 69 пратеници, за Митрески се изјаснија 82 пратеници, а за Бендевска 70.

Веднаш потоа се пристапи кон давање свечена изјава, а пратеникот Милошоски, кој од здравствени причини не беше присутен на денешната седница, свечената изјава ќе ја даде на првата наредна седница.

Претходно Собранието со 87 гласа „за“ и еден „против “ и без општа расправа ја донесе одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.

Поврзани објави
Total
0
Share