Маж од Богданци осомничен дека силувал малолетничка

Синоќа во Богданци полициски службеници од ОВР Гевгелија го уапсиле Б.Г.(52) од Богданци.

Како што соопштија од СВР Струмица, тој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка.

-Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, информираа од овој сектор на МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани објави
Total
0
Share