Инспекторите од утре ќе ги контролираат маржите на училишниот прибор

Од ДПИ велат дека ќе постапуваат исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуката, но оти немаат надлежност да постапува ниту, пак, да влијаат врз формирање цени во трговијата на големо и трговијата на мало

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од утре ќе бидат на терен за да ги контролираат трговците дали постапиле во согласност со одлуката на Владата за ограничување на маржите на училишниот прибор.

Директорот на ДПИ, Горан Трајковски, во објава на својот фејсбук-профил вели дека инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности што произлегуваат од владината одлука, а според Законот за трговија.

„Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало“, вели Трајковски.

Трајковски вели дека како и претходно, Инспекторатот и за оваа одлука нема да има компромис за никого.

„Законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат“, додава тој.
Тој упатува апел до граѓаните доколку забележат неправилности во спроведувањето на оваа одлука да пријават во Државниот пазарен инспекторат на бројот 191 или на веб-страницата www.dpi.gov.mk.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за ограничување на маржите на училишниот прибор, а мерката ја нарече „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Според мерката, со замрзнати маржи од 5 отсто во големопродажба и 10 отсто во малопродажба ќе се продаваат тетратки, ранци, боици, пластелин, фломастери, маркери, мрсни, акрилни и водени бои, четки, линијари и дидактички материјали, острилки, гуми за бришење, ножици, футроли, шестари, дигитрони, компаси, табли, креди.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share