Израел ги засили нападите врз Рафа, се заканува нова хуманитарна катастрофа

Израелските сили и покрај меѓународните предупредувања ги засилија нападите врз Рафа, од каде досега побегнаа околу 110. 000 луѓе. Во тек се жестоки борби во јужниот дел на Рафа.Израелските тенкови навлегуваат подлабоко во градот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ја продолжува борбата против Хамас, како што наведе, „дури и ако остане и сам“.

,,Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами. Ќе се бориме со нокти и заби. Денес сме многу посилни.Одлучни сме и обединети да го победиме нашиот непријател и оние кои сакаат да не уништат”, изјави Нетанјаху. Израелскиот воен кабинет одобри проширување на областа на операции во Рафа.

Неименувани извори за американските медиуми изјавиле дека тоа ќе биде одмерено проширување, кое нема да ја премине црвената линија на американскиот претседател Џо Бајден.Агенциите за помош на Обединетите нации претходно предупредија дека намалувањето на резервите на храна и гориво може да ги запре операциите за помош во рок од неколку дена во Газа, бидејќи главните премини се затворени, што доведува до затворање на болници и дополнителна неухранетост.

Поврзани објави
Total
0
Share