Заев од Атина: Договорот од Преспа е жив доказ дека и најтешките спорови можат да се решат кога лидерите го даваат приоритетот на поголемото добро пред сè

Им посакавме добредојде на угледните гости и пријатели на мирот кои дојдоа во Атина за да учествуваат на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој и да го чествуваат Договорот од Преспа, шест години по неговото потпишување,напиша на својот фејзбук профил поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

„Пораките за добредојде на Венко Филипче и Евангелос Калпадакис, во името на Фондацијата Заев – едно општество за сите и на Институтот Алексис Ципрас потсетија дека лидерите не ги одложуваат и не им ги оставаат проблемите на идните генерации, туку наоѓаат решенија и отвораат нови страници.Договорот од Преспа е жив доказ дека и најтешките спорови можат да се решат кога лидерите го даваат приоритетот на поголемото добро пред сè. Тоа го одбележа историскиот момент кога конфликтот беше трансформиран во соработка со визија за хармонична иднина.Фондацијата Заев и Институтот Алексис Ципрас се посветени на негувањето на вредностите кои се во основата на Договорот од Преспа со мисија да промовираме мир, да го унапредиме одржливиот раст и да поттикнеме средина каде што се слуша секој глас“, потенцира Заев.

Денешниот настан е особено важен бидејќи го следи духот на Договорот од Преспа – значајно достигнување во потрагата по мир и соработка, порача денеска од Атина претставникот на „Фондацијата Заев – Едно општество за сите“ Венко Филипче, на отворањето на Конференцијата.

Поврзани објави
Total
0
Share